Напаѓачот на Арсенал, Александар Лаказет е  потенцијална  трансфер цел на Интер, доколку Лаутаро Мартинез замине во Барселона. Сепак,  L’Equipe појаснува дека фудбалерот на „топџиите“ не е заинтересиран да се пресели на Апенините и покрај лошиот однос кој го има со навивачите на клубот.

Лаказет оваа седмица го прослави својот  29 роденден, а Арсенал го доведе од Олимпик Лион во 2017 година за 53 милиони евра.Французинот има големи проблеми со повреди во изминатата година, но и покрај тоа тој придонесе со девет погодоци и три асистенции на 26 натпревари оваа сезона.

Според последните информации Интер наводно се наоѓа пред потпис со фудбалерот на ПСЖ, Едисон Кавани, кој и дефинитивно го напушта Париз ова лето.