Интер потврди дека Барселона ги контактирала за Лаутаро Мартинез но била предупредена дека Аргентинецот може да го напушти Милано само под еден услов.

Мартинез ќе биде продаден на оној клуб кј ќе плати 111 милиони евра, тоа е откупната клаузула за напаѓот на Интер.

Интер нема намера да преговара со Барселона за размена на играчи.

„Ние нема да ги продаваме нашите најдбри играчи по секоја цена, Мартинез може да биде ослободен за 111 милиони, тоа го знае Барселона, друга опција нема“ – изјави Пјеро Аусилио, спортскиот директор на Интер .