Интер потпишува со Николо Барела за 45 милиони евра што ќе го направи овој играч втор најскап во историјата на клубот.

Барела доаѓа од Каљари, тој е репрезентативец на Италија, ќе биде засилување во средниот ред, има 22 години и е голема надеж на италијанскиот фудбал, тој е на вообичаените медициснки прегледи и потоа става потпис на договорот со Интер.

Интер прво ќе го позајми Барела на една година за 10 милини евра,  според договорот ќе биде откупен следното лето од Каљари кога ќе исплати дополнителни 35 милиони.

Ова ќе биде втор најголем трансфер на Интер по оној на Виери кој беше откупен од Лацио за 46,5 милиони евра во 1999 година.