Интер се вклучи во борбата за потписот на дефанзивецот на Олимпијакос, Константинос Цимикас.

Скаутите на Интер веќе подолго време го следат прогресот на 23-годишниот Цимикас. За овој фудбалер конкуренција на Интер е Наполи.

Олимпијакос е подготвен да разговара за продажбата на Цимикас, но нема да го даде поефтино од 20 милиони евра.

Интер е исто така заинтересиран и за играчот од средниот ред на Хетафе, 24-годишниот Уругваец Мауро Арамбари.