Дербито кое е на програмата утре, Интер – Милан, ќе биде пренесувано во над 30 земји на планетата, акредитирани се 250 новинари, стадионот „Џузепе Меаца“ е распродаден.

Пренос ќе има во Америка, Азија, Африка и секако Европа.

Интер ќе заработи околу 6 милиони евра од продажба на билетите, според „GazzettadelloSport“ рекордот од средбата со Јувентус во октомври минатата година кој изнесуваше 6,5 милиони евра, сепак нема да биде надминат.

Сепак потенцира „GazzettadelloSport“, Интер сезонава ќе заработи најмно од продажба на билети на дерби средбите во калчото, тоа е факт кој во клубот не го очекувале.

Интер утре ќе настапи со специјализрани дресови на кои ќе пишува:

„Денеска и засекогаш, заедно како тим“