Џеко со два гола сам го победи Шахтјор и на Интер му донесе пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Интер со ова запиша резултат во елитното натпреварување на УЕФА кое го чекаше дури 10 години.

Со два гола на Џеко, Интер го победи Шахтјор со 2-0 и на коло пред крајот избори пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите.

„Убав резултат е пласманот во осминафиналето, тоа беше наша цел, кажав кога бев наименуван за тренер на Интер, нокаут-фазата е примарна работа а тоа Интер не го остварил десет години“ – изјави тренерот Инзаги.