Скај Спорт од Италија јавува дека Интер е заинтересиран за Миралем Пјаниќ, офанзивниот играч од средниот ред на Барселона не е задоволен од минутажата, а Барселона од неговите настапи, на повидок е враќање во Италија.

Антонио Конте сака искусни играчи, се сложил да се преговара со Барселона за Пјаниќ, но конкуренција е Челси кој наводно покажал интерес за играчот од БиХ.

Пјаниќ кај Барселона запиша само 17 настапи, дојде минатата година како големо засилување, но не ги оправда очекувањата.

Босанецот во Италија играше кај Јувентус со ефект од 122 настапи и 22 гола, кај Рома запиша 129 настапи и постигна 59 гола.