Интер од поодамна се интересира за напаѓачот на Наполи, Дрис Мертенс, и за дефанзивецот на Тотенхем, Јан Вертонген.

Според пишувањето на Calciomercato, Интер има намера да ги потпише двајцата Белгијци на крајот од тековната сезона, кога на двајцата им завршуваат договорите со своите клубови и кога тие можат да дојдат бесплатно, како слободни агенти.

Мертенс сега води преговори со Наполи за продолжување на соработката за уште една сезона, но Интер веќе испрати сигнали дека ќе му ја дадат истата плата за која сега се бори со раководството на Наполи.

Вертонген, пак, сигурно ќе го напушти Тотенхем, бидејќи клубот не му нуди нов договор.