Интер и Мауро Икарди никако да се договорат, Аргентинецот сакаше во Јувентус но трансферот пропадна, сега не сака да замине од Милано без оглед на понудите.

Интер му најде нов клуб на Икарди, Монако беше подготвен да му исплаќа на Аргентинецот годишна плата од 10 милиони евра, тој не сака да ја прифати понудата.

Сепак во финишот на трансфер периодот, можно е Икарди да го напушти Милано, сега Атлетико Мадрид е заинтересиран да го види во своите редови.

„Џокерот“ на Интер во убедувањето на Икарди е неговиот сонародник Диего Симеоне, тој го сака сонардникот во Мадрид, време нема, остануваат уште три дена до крајот на преодниот рок.