Дербито во 15. коло во калчо лигата меѓу Интер и Рома заврши без победник и без голови на „Џузепе Меаца“.

Интер создаде повеќе шанси на дербото, Лукаку, Лаутаро и Брозовиќ имаат вкупно  5 изгледни шанси за гол и победа на Интер но не искористија ниту една.

Рома се закани преку Пероти и Заниоло меѓутоа и „волчицата“ не успеа да постигне гол.

Од нерешениот резултат меѓу Интер и Рома може да профитира Јувентус кој доколку утре го победи Лацио во Рим ќе се врати на првото место на табелата во калчото.