Како што тврди „тутомеркатовеб“, Интер и Самир Хандановиќ преговараат за продолжување на соработката до 2023 година.

Словенецот во редовите на Интер дојде во 2012 година, запиша над 300 настапи, има 36 години клубот од Милано не му дава да се пензионира.

Хандановиќ во Интер запиша 123 меча без примен гол,с езонава само два, но тој е  еден од најстандардните играчи во составот на Антонио Конте.

Интер му нуди нов договор на уште една година, Хандановиќ има актуелен до 2022 година, според „тутомеркатовеб“ во декември ќе бидат финализирани сите детали.