Интер не се откажува од Дејан Кулушевски, Парма потврди дека не сака да го продаде во јануари следната година, клубот од Милано е подготвен да чека до јуни 2020 година.

Засега преговорите се прекината со оглед на одлуката на Парма која го има Кулушевски на позајмица, Интер се повлекол од преговире но не се откажал. Ќе го чека напаѓачот со македонско потекло до јуни.

Интер е подготвен да и исплати на Аталанта 35 милиони евра што ќе биде доволно да се реализира овој трансфер.

Кулушевски има 19 години, постигна четири голови сезонава за Парма и запиша уште шест асистенции.