Челси ја одби понудата на Интер за 20 милиони евра за Емерсон Палмиери, но италјанскиот гигант е подготвен да дадат 30 милиони евра доколку во договорот се вклучи Оливие Жиру.

Емерсон е првата желба на Конте за ова лето, но за такво нешто „сините“ бараат најмалку 30.милиони евра. Според „Тутоспорт“ Интер повторно сака да го доведе и Жиру, кој во јануарскиот преоден рок беше пред трансфер во Милано.

Французинот и покрај тоа што потпиша нов договор со Челси многу веројатно следната сезона повторно ќе биде во втор план кај Лампард по доведувањето на Тимо Вернер.

Интер пред неколку дена го доведе првото летно засилување и тоа Ахраф Хакими од Реал Мадрид за 45.милиони евра.