Интер ги продолжува преговорите за трансферот на напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Тахит Чонг, но не може никако да се договори со неговите агенти.

Според информациите на FCInterNews, агентите на Холанѓанецот на почетокот бараа 7 милиони евра, па намалија на 5 милиони, додека Интер е подготвен да плати максимум 1,8 милиони евра.

Интер му нуди плата од 1,5 милиони евра, која со бонусите може да се зголеми на 2 милиони.

Неговиот договор со Манчестер Јунајтед завршува на крајот на сезоната, па Интер се надева дека може да го добие со мала компензација.