Интер е во карантин, клубот се реши на ваков чекор откако беше потврдено дека играчот на Јувентус, Даниеле Ругани е позитивен на Коронавирус.

Јувентус и Интер играа зад затворени врати, Ругани беше резерва но и во контакт со играчите на двата тима.

Интер превентивно реши да оди во карантин, клубот од Милано објави дека екипата ќе биде во изолација до 22 март.

Играчите на Интер нема да одат на тестови за Коронавирусот со оглед на фактот дека засега никој не е официјално позитивен.