Дербито меѓу Интер и Милан вечерва ќе се игра пред полни трибини на „Џузепе Меаца“.

Ова е петти пат сезонава како Интер го распродаде својот стадион во полн капацитет. Претходно тоа се случи на средбите со Барселона, Јувентус, Аталанта и Калајари.

Сумата која ќе ја заработи од средбата со Милан изнесува 5,5 милиони евра.

Вечерва на „Џузепе Меаца“ ќе има 75. 817 илјади гледачи. Ова ќе биде 225 пресемтка меѓу гигантите од Милано, вкупно 172 во Серија А.