Италијанскиот репрезентативец и член на Сасуоло, Стефано Сенси, се очекува деновиве да стави параф на договорот со Интер, иако претходно истиот овој фудбалер се поврзуваше со Милан.

Според италијанските медиуми, претставници на двата клубови веќе ги договорија сите детали, а деновиве се очекува и официјализација на договорот.

Сенси на Сан Сиро ќе пристигне на едногодишна позајмица, за која Интер ќе исплати 5 милиони евра, со задолжителен откуп на фудбалерот идното лето за дополнителни 25 милиони. Во спротивна насока Интер од својот „Б“ тим ќе го испрати напаѓачот Едоардо Вергани.

Се очекува Сенси да потпише петгодишен договор, според кој ќе заработува 2 милиони евра по сезона.