Интер е решен по секоја цена да се ослободи од Мауро Икарди, Аргентинецот преку својот менаџер, Ванда Нара која е негова сопруга,веќе нашол решение како да остане во ПСЖ.

Шампионот на Франција добива попуст од Интер, откупната калузула е намалена и „светците“ за 60 милиони евра ќе го откупат договорот на Икарди од Интер.

Всушност станува збор за зделка во која ПСЖ на Интер ќе му исплати 55 милиони евра со обврска од дополнителни 5 во бонуси.

ПСЖ на Икарди ќе му исплаќа 10 милиони годишна плата во следните 4 години.