Интер се повлече од Суперлигата, последен од низата клубови кои под притисок на јавноста, федерацијата па и државата решија да го напуштат „бродот“ кој тоне.

Претставник на клубот од Милано, за АНСА изјавил дека Интер се повлекува од овој проект кој очигледно е пред згаснување.

„По сите настани поврзани со Суперлигата, во овој момент сметаме дека тоа повеќе не е наш интерес“ – соопштил претставник на клубот.

Клубовите од Премиерлигата се повлекоа, сите шест на број, се чини дека УЕФА ја доби битката.