Обидот Интер ова лето да го купи Ромелу Лукаку од Манчестер Јунајтед најверојатно ќе пропадне, прогнозираат од Газета Дело Спорт.

Сумата која ја бара Манчестер Јунајтед за репрезентативецот на Белгија е преголема за плановите на Интер. „Ѓаволите“ бараат 80 милиони евра за Лукаку а според медиумите од Апенините поранешниот европски првак нема намера да плати таква сума во целост за напаѓач од рангот на Лукаку.

Сега од управата на Интер ќе се насочат кон ангажам на Пауло Дибала од Јувентус кој е незадоволен од статусот во италијанскиот првак.

Неофицијално ќе биде доставена понуда од 60 милиони евра со дополнителни бонуси од 10 милиони во зависност од игрите кои ќе ги прикаже Дибала во првите две сезони во дресот на Интер.