Спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио демантираше дека клубот се откажал од можноста да го задржи Алексис Санчез кој е на позајмица од Манчестер Јунајтед од крајот ова оваа сезона.

„Тој беше повреден некое време но одигра одлично во натпреварите против Барселона и против Сампдорија. Го видовме оној Санчез од Арсенал па дури оној од Удинезе. Немаше многу време за да се докаже колку вреди тука, но мислам дека сега ќе има нова шанса по која ќе одлучиме што ќе правиме.“ – изјави Аусилио.

Тој потврди дека не е исклучена шансата за нова едногодишна позајмица па дури и за целосен откупна договорот. Единствен реален проблем е платата на Санчез во Јунајтед, 500 000 евра неделно.