Италијанските медиуми ја потврдија информацијата која ја објави „Газета Дело Спорт“. Интер ги продава: Мауро Икарди, Жоао Марио и Иван Перишиќ за да собере доволно пари за да го добие Стеван Милинковиќ Савиќ од Лацио.

Последната најава е дека Перишиќ ќе заврши во Баерн Минхен откако пропадна траснферот на Сане од Манчестер Сити. За Португалецот Марио интерес има од Монако и од Лион додека за Икарди сеуште трае трансфер сагата и неговото евентуално заминување во Јувентус, ПСЖ или во Реал Мадрид.

Милинковиќ Савиќ имаше договор со Манчестер Јунајтед за трансфер на „Олд Трафорд“ во случај Погба да замине во Реал Мадрид но откако ова не се реализираше сеуште е во потрага по нов клуб.

Неофицијално, Лацио за Савиќ бара 80 милиони евра одма, или 60 милиони евра плус 20 милиони евра во бонуси со дополнителни 10 милиони за агентот и авторските права на играчот во употреба во рекламни кампањи.