Интер ја губи битката со Јувентус  за потпис на Ромелу Лукаку, сега тимот од Милано се врти кој Анте Ребиќ, репрезентативецот на Хрватска и член на Ајнтрахт Франкфурт.

Ребиќ има 25 години, може да биде идеално решение за Антонио Конте , покрај Хрватот, цел на Интер  е  и Един Џеко со кого се во завршни преговори.

Според информациите од Италија, Интер е подготвен да понуди околу 40 милиони евра за Ребиќ кој минатата сезона во Бундеслигата постигна 10 голови на 38 средби.