Интер, наводно, сонува на лето да го доведе фудбалерот на Реал Мадрид Ахраф Хакими, кој сезонава брилјира во дресот на Борусија Дортмунд каде е на позајмица.

Конте и раководството на Интер имаше сезонава можност да ги виде квалитетите на младиот фудбалер во мечевите меѓу Дортмунд и Интер во Лигата на шампиони во кои Хакими беше еден од најдобрите на теренот.

„Кралевите“ за Хакими бараат 50.милиони евра, но она што е проблем за „нероаѕурите“ е тоа што Реал Мадрид не ја исклучува можноста да го врати во своите редови. Претходно интерес за десниот бек пројави и тимот на Јувентус.

Интер бара засилување на десната бековска позиција која ќе остане празна бидејќи Виктор Мојсес на лето ќе го напушти Милано.