Иван Ракитиќ веќе подолг период е во немилост од тренерот на Барселона, Ернесто Валверде кој ретко му дава шанса на Хрватот. Ракитиќ сезонава има само еден старт во дресот на Каталонците и се обидува веќе во зимскиот преоден рок да го напушти „Ноу Камп“. Главен фаворит за потписот на Ракитиќ е Интер, јавуваат италијанските медиуми.

Сепак, „нераѕруите“ ќе имаат силна конкуренција, бидејќи интерес за искусниот фудбалер од средниот ред има и од Манчестер јунајтед и од ПСЖ. Ракитиќ игра во Барселона од 2014 година, кога дојде од Севилја и досега одигра 174 натпревари за овој клуб.

Актуелниот договор на 31-годишниот фудбалер истекува во јуни 2021 година.