Двата шпански гиганти, Реал и Барселона, водат рововска борба за потписот на напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинец, па е скоро сигурно дека Аргентинецот ќе заврши во еден од овие два клуба.

Во врска со тоа, Интер веќе ги проучува алтернативните варијанти. Италијанските медиуми тврдат дека изборот на Интер е напаѓачот на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг, чиј договор со „Топџиите“ завршува во 2021 година.

Втора варијанта е фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Таит Чонг.