Екипата на Наполи се соочува со огромни проблеми, откако контраверзниот сопственик Аурели Де Лаурентис отворено влезе во конфликт со голем дел од фудбалерите и тренерот Карло Анчелоти.

Ваквите случувања се одразија на резултатите на Наполи, а тимот од Неапол синоќа направи нов кикс окткао на „Сан Паоло“ не успеја да ја совлада Џенова. Според информациите од Неапол, Де Лаурентис е спремен да се ослободи со дел од фудбалерите, а прв на мета е најдобриот фудбалер Мертенс.

За неговите услуги се интересира Интер, кој ќе проба да го доведе веќе во јануари во своите редови, а откупната клаузула за Белгиецот изнесува 25 милиони евра.