Екипата на Интер е во потрага по замена на Самир Хандановиќ , кој пак игра уште една феноменална сезона.

Актуелниот договор на Словенечкиот голман истекува следната година , а тогаш Хандановиќ ќе има 38.годни па Интер веќе почна да бара негов наследник.

Се шпекулира дека прва мета на Интер е голманот на Удинезе Хуан Мусо. Аргентинецот од 2018 година е во тимот од Удине, а сезонава импресионира со своите настапи и се промовираше во еден од најдобрите голмани во Серија А.

Удинезе не би имал против да го продаде својот чувар на мрежата , но само доколку пристигне понуда од 30.милиони евра

Интер планира да ја намали оваа сума , со тоа што би испратил некој свој играч во спротивна насока.