Во Интер веќе се свесни дека не можат да го задржат Лаутаро Мартинес, кој најверојатно ќе замине во Барселона.

„Неразурите“ сега се обидуваа да извлечат максимум од настанатата ситуација.

Според Tuttosport, Интер во замена за Мартинес од Барселона ќе го побара Антоан Гризман, кој во Барселона дојде минатото лето.

Гризман сезонава одигра 32 средби за Барселона и постигна 12 гола.