Манчестер Сити ја следи ситуацијата околу договорот на Лука Модриќ со Реал Мадрид, јавува каталонски Ел Национал.

Според тој извори, 36 годишниот капитен на хрватската репрезентација е голема желба на Пеп Гвардиола. Договорот на Модриќ завршува на крајот на оваа сезона, а преговорите за нов се уште не започнале, па веќе во јануари може да потпише со преддоговор со друг клуб.

Како што тврди медиумот, Сити има план да го донесе Модриќ. Би му понудиле опција една сезона да игра за Сити, а потоа и опција да замине во САД, во Њујорк Сити, кој е во сопственост на сопствениците на Манчестер Сити. Модриќ и претходно имаше неколку понуди од МЛС, но реши да остане во Реал Мадрид.

Модриќ вчера наполни 36 години, а Марка, весник близок до Реал, тврди дека клубот би можел да понуди нов договор на хрватскиот репрезентативец, затоа што се воодушевени со формата и состојбата во која се наоѓа Хрватот. На тој начин Модриќ би го исполнил својот сон, да ја заврши кариерата во клубот каде е веќе девет години.