Вечерва Шкендија го игра реваншот со Дуделанж во Европа лигата, резултатот од првиот меч е негативен, 2-1 за противникот кој запиша победа во Скопје.

Македонските екипи сезонава во квалификациите за Лигата на шампионите  и Европа лигата разочараа, доколку тимот од Тетово не направи резултатски пресврт настапот во квалификациите  ќе трае експресно кратко.

Телевизиите од Македонија за прв пат не покажаа интерес за преноси на нашите клубови на меѓународна сцена, не дека и претходно имаше многу преноси, но сезонава ниту еден.

Квалитетот на нашите екипи но и противниците  не се атрактивни, сепак во соседството и покрај сличната ситуација преноси имаше од сите натпревари на клубовите кои учествуваа во натпреварувањата на УЕФА, Лигата на шампионите  и Европа лигата.

Интересен е податокот дека сезонава само една наша екипа можеше да се следи низ директен пренос на ТВ, Академија Пандев ја гледавме на Аренаспорт на реваншот со Зрињски во квалификациите за Европа лигата, сите останати екипи можеа да се следат единствено преку интернет платформата.

Аренаспорт ќе емитува директни преноси од ПМФЛ откако ги откупи правата од ФФМ за оваа натпреварувачка ссезона, преноси ќе врши и националниот сервис МТВ.