Италијанскиот фудбалски тим Интер ќе испрати последна понуда до Манчестер Јунајтед за напаѓачот Ромелу Лукаку.

Антонио Конте сака по секоја цена да го донесе Белгиецот во Интер. Италијанските медиуми ибјавија дека конечната понуда на Интер ќе биде 55 милиони евра и Иван Перишиќ. За Хрватскиот преоден рок Јунајтед се интересираше додека тренер таму беше Жозе Мурињо.

Конте планира да го продаде Хрватот,бидејќи не се вклопува во неговите планови..