Истанбул е домаќин на првиот се Англиски Суперкуп во фудбал, Ливерпул и Челзи за првиот трофеј на УЕФА сезонава.

Ливерпул во мај ја освои титулата во Лигата на шампионите, за нив ова е шести Суперкуп меч, а досега имаат три титули.

За Челзи ова е четврто учество на Супекупот. Тие победија на првото во 1998 година, а загубија на следните две.

Кој и да победи вечерва, на Англија ќе и ја донесе деветата победа во Суперкупот, повеќе победи имаат клубовите од Шпанија, а сите заедно дојдоа до бројката од 15, Италија има девет.

Интересно е што за прв пат по 2013 година нема клуб од Шпанија на меч од Суперкупот. Тогаш пред девет години, Баерн Минхен на пенали го победи Челзи во Прага.

Барселона и Милан се рекордери со по пет титули во Суперкупот на УЕФА.