Менаџерот на Лацио, Симоне Инзаги е уверен дека со ангажман на Луис Суарез во следната сезона неговиот тим ќе биде уште поконкурентен за титулата во Серија А.

Станува збор за напаѓачот на Вотфорд кој во моментов е на позајмица во Сарагоса. Суарез има 22 години и важи за еден од подобрите офанзивци на негова возраст. Лацио нуди 15 милиони евра со 3 милиони евра во бонуси во зависност од развојот на Суарез.

Во игра за потписот на Сурез се и Наполи, Атлетико Мадрид, Валенсија и Бетис.

Суераз оваа сезона во втората шпанска лига во дресот на Сарагоса постигна 17 голови на 29 натпревари.