Легендата на Милан Филипо Инзаги напоменува дека ситуацијата во која се наоѓа  Милан е очекувана и смета дека потребно е трпение додека клубот се врати на старите патеки.

Поранешниот херој на „росоњерите“ јавно ги поддржа директорите Паоло Малдини и Звонимир Бобан кои се главните луѓе околку доведувањето на нови фудбалери.

„Лошо е, но за жал не е ништо ново. Го познавам  Малдини многу добро и заедно со Бобан сигурен сум дека Милан ќе го вратат онаму каде што припаѓа. Мора да доведуваат двајца до тројца квалитетни играчи секоја година и да бидат трпеливи со нив. Според мене така се прави реконструкција во еден тим“-изјави Пипо.

Златан Ибрахимовиќ  оваа зима се врати на „Сан Сиро“ и веќе на својот прв меч на кој ги одигра сите 90.минути го постигна својот прв гол.

Поранешниот тренер на Милан, смета дека Златан е правиот човек за Милан, кој може да го крене клубот на едно повисоко скалило.

Трансферот на Златан е одличен за тимот. Тој веднаш покажа за каков фудбалер се работи и покрај него и другите фудбалери ќе напредуваат“-категоричен е Инзаги.