Очекувано и заслужено тренерот на беневенто, Пипо Инзаги беше видно задоволен од резултатот и играта на неговите фудбалери по ремито со Јувентус од 1:1 во Серија А.

„Пред неколку месеци се мачевме на тешки и каливи терени во Серија Б, сега успеавме да го задржиме Јувентус, можевме и да го победиме ако бевме малку попаметни во контранападите. Моите момци заслужија да уживаат по овој натпревар како и за се што направија во последните 18 месеци. Кога ќе се изборите за ваков резутлат против Јувентус, јасно е дека работите се движат во посакуваниот правец.“ – вели Пипо Инзаги.

Беневенто по девет одиграни натпревари во Серија А освои 10 бода а во следното коло ќе и гостува на Парма.