Лацио по победата над Болоња се искачи на првото место на табелата во Серија А и сега е во очекување на натпреварите на Јувентус и на Интер.

Тренерот на лацијалите, Симоне Инзаги смета дека ништо не е изненадување иако и самиот не би верувал дека ќе бидат лидери по 26 кола.

„Да ми речеше некој дека ќе бидеме на лидерското место по 26 кола на почетокот од сезоната ќе бев изненаден. Сепак, имав доверба по она што го видов во подготовките дека овие момци се подготвени да дадат се од себе. Го освоиме Купот на Италија, Суперкуот во последните три години а мојата желба е контуитет во Европа и напредок во Италија. Слична е атмосферата во соблекувалната како во 2000 година кога ја освоивме лигата. Сега сме во топ форма и ова се само остварување на сонот кој го сонувам веќе четири години.“ – изјави Симоне Инзаги тренерот на Лацио.

Во следното коло од Серија А, Лацио го очекува уште еден тежок меч на теренот на Аталанта.