Интер и Јувентус одиграа нерешено 1-1 на „Дерби Д’Италија“, екипата од Милано може да жали за загубените два бода, Дамфрис направи прекршок за пенал кој во гол го претвори Дибала во 89 минута.

Симоне Инзаги жестоко реагираше на одлуката на судијата по прегледувањето на спорниот момент, ВАР помогна да се досуди пенал за „старата дама“.

„Единствениот начин Јувентус да израмни беше преку пенал, многу сум разочаран, мојата реакција беше природна, судијата беше блиску, ова не беше ситуација за пенал, ниту за ВАР. Игравме одлично и разочаран сум што не победивме“ – изјави Инзаги.