Шпанскиот репрезентативец Иско, има можност да бира помеѓу неколку островски тимови и ПСЖ за трансфер ова лето, тој одлучил да остане во Реал Мадрид, соопштуваат медиумите од Пиринеите.

Иско е трансфер цел на повеќе тимови од Англија меѓу кои се Арсенал и Манчестер Јунајтед како и од првакот на Франција но по последниот разговор со Зидан одлучил да не ја менува средината.

Офанзивниот плејмејкер го загуби местото во првиот тим на Реал Мадрид по заминувањето на Зидан и поради ова беше подготвен за заминување но очигледно враќањето на Зизу на кормилто на „кралевите“ влијае по неговата одлука.