Веројатно најнесреќната селекција на годинашново издание на Копа Америка е селекцијата на Колумбија, блескаа во групната фаза, ги победија, Аргентина, Парагвај и Катар, во регуларните 90 минути со Чиле во нокаут рундата не примија гол, но загубија на пенали, се враќаат дома.

Колумбија играше извонредно на Копа Америка, првенството го завршија со три победи, еден нерешен меч, оној со Чиле во четвртфиналето но нема да се борат за медал бидејќи загубија на пенали.

Да биде трагедијата уште поголема за Колумбија, на сите четири меча во регуларните 90 минути не примија гол , тие се најголемите трагичари на првенството.