Младиот фудбалер на Болоња, Виздом Ејми, стана најмладиот фудбалер во историјата на Серија А, кој настапил како првотимец за својот тим.

Ејми има 15 и роден е три месеци откако Барселона со Лионел Меси освои титула, прва во кариерата на Аргентинецот.

Болоња во средата играше против Џенова во меч од 36-тото коло, а Ејми влезе како измена пред крајот на мечот.

Ејми е роден на 11 август 2005 година и игра на позицијата стопер, а по потреба може да игра и на бек, а досега настапуваше за младиот тим на Болоња.

Тој на теренот го замени Такехиро Томијасу во 89-тата минута, во момент кога се веќе беше решено во корист на Џенова на Горан Пандев.