Истанбул оваа година и дефинитивно нема да биде домаќин на финалето од Лигата на шампионите кое поради Ковид-19 беше преместено во Португалија односно на стадионот на Порто.

Турскиот град сепак ќе добие шанса да организира финале во елитното натпреварување. Многу веројатно е дека ќе го добие домаќинството од Минхен, кој првично беше планиран за мечот за титула во 2023 година.

Исто така Истанбул доби шанса да го организира и европскиот Суперкуп, меѓу победникот во Лигата на шампионите и Лига Европа.

Ова значи дека сепак Минхен ќе мора да почека некоја следна сезона да го организира финалето во Лигата на шампионите , и иако имаше желба од германскиот град , сепак Истанбул ќе добие уште една шанса.

Секој од овогодишните финалисти ќе добие по 6.000 влезници на трибините во Порто.