Французинката Стефани Фрапар е прва жена која ќе суди во елитното натпреварување на УЕФА, таа ќе биде главен делител на правдата на мечот Јувентус – Динамо Киево.

Фрапар има 36 години, од 2009 година е со знакот на ФИФА, лани судеше на Суперкупот на Европа.

Интересно е тоа што, Фрапар беше првата судијка која судеше меч од француското првенство и се смета за една од најдобрите во својата професија.