Македонија историскиот меч  против Косово во баражот за пласман на Евро 2020 кој треба да се одигра на  26 март годинава можно  е да го одигра пред празни трибини.

Ова откако министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција објави дека по препорака на комисијата за заразни болести и комитетот за следење на состојбите со коронавирусот, добил препорака да се продолжи забраната за спортски настани без гледачи.

Засега е познато дека сите спортски настани до 13.март ќе се играат без присуство на публика, но ваквиот тренд може да продолжи и после тоа.