Фудбалската репрезентација на Италија на утрешниот натпревар против Литванија во 3 коло од квалификациите за пласман на СП во Катар, ќе настапи без Марко Верати и Алесандро Флоренци.

Дуото на ПСЖ поради повреда мораше да го напушти тренинг кампот на Италија и да се врати во Франција. Според првичните информации, Верати и Флоренци имаат повреди на мускулот.

Италија во воведните две кола од квалификациите за СП славеше против Северна Ирска и против Бугарија со 2:0.