Познатиот италијански фудбалски агент, Марко Трабуки, предлага комплетното ЕУРО 2020 да се одигра во Русија, која според него ја има целокупната инфраструктура, а не е подрачје загрозено од епидемијата на коронавирусот.

„Под прашање се сезоните во Серија „А“ и во првенството на Швајцарија, кои најверојатно нема да се доиграат. Сметам дека многу земји ќе забранат да се играат средбите од ЕУРО 2020 на нивна територија. Во Русија нема забрана за присуство на навивачите на фудбалските натпревари. Зошто да не се организира комплетното ЕУРО во Русија, без присуство на странски навивачи?“, пишува тој.