Познатиот италијански спортски новинар, Мирко Калеме, кој работи за „Калчомеркато“ и за шпански „АЅ“, тврди дека УЕФА ќе ги суспендира Лигата на шампионите и Лига Европа, поради епидемијата на коронавирус.

Тој тврди дека УЕФА ќе дозволи да се доигра осминафиналната фаза во двете натпреварувања, а потоа ќе нареди нивно сопирање.

Во Лигата на шампионите во следните две недели ќе се одиграат реванш-натпреварите во осминафиналната фаза, додека првите осминафинални натпревари во Лига Европа се закажани на 12 март.