Италијанскиот репрезентативец, Моисе Кин е на пат да се врати во Италија, тој од Јувентус се пресели кај Евертон и потпиша договор на пет години но се очекува во јануари да се врати „дома“.

Кин сезонава за Евертон настапи на 9 натпревари, не се снајде во Англија, и се чини дека неговото враќање е извесно во Италија.

Милан и Сампдорија се двата клуба кои сериозно притискаат за потпис на Кин, Јувентус го продаде на Евертон за 27,5 милиони евра.

Евертон може ќе се сложи да го позајми Кин на еден од двата клуба од Италија но со сигурност нема да се реши на продажба со оглед на фактот дека тој е репрезентативец на Италија.