Поради епидемијата на коронавирусот, италијанските фудбалски судии привремено се отстранети од Лигата на шампионите и Лига Европа, пишува Tuttomercatoweb.

Такво решение донесе УЕФА, со цел да се спречи ширењето на заразата. Минатата недела тројца италијански судии ја делеа правдата во Лигата на шампионите и во Лига Европа.

Даниеле Орсато го судеше натпреварот меѓу Реал и Манчестер Сити во Лигата на шампионите, додека Марко Гвида и Давиде Маса ги судеа натпреварите меѓу Еспањол и Вулверхемптон и Арсенал и Олимпијакос во Лига Европа.

Италија е најпогодена европска земја и до овој момент таму од коронавирус починаа безмалку 200 луѓе.