Јувентус веќе од утре започнуваат со тренинзи, а голем дел од фудбалерите пристигнаа во медицинскииот центар„Ј.Медик“ утрово за да им бидат извршени потребните контроли пред да се вратат на фудбалските терени. Првите тестови и скрининг на играчите започнаа утрово.

Фудбалерите кои останаа во Италија беа први кои пристигнаа, во медицинскиот центар, меѓу кои Леонардо Бонучи, Федерико Бернардески, Хуан Куадрадо, Карло Пиноглио и Арон Ремзи на кои беа направени тестови.

Првата ѕвезда Кристијано Роналдо, наводно, ќе пристигне во попладневните часови, а доаѓа од родната  Мадеира. Со  маски и почитување на потребната дистанца, фудбалерите се појавија а во медицинската установа.